Институт Данте Алигиери, Скопје

„Детето и креативноста“
онлајн обука на м-р Ана Цветкоска-Панова за наставниците на Институтот Данте Алигиери во Скопје
На 21 05 2021 се одржа онлајн обука за наставниците на Институтот Данте Алигиери во Скопје. Обуката со наслов „Детето и креативноста“ беше организрина со цел запознавање со вештините на ликовното образование и педагошкиот пристап со примена на овие знаења. Обучувач беше м-р Ана Цветкоска-Панова, ликовен педагог – советник.
Цел на обуката беше наставниците кои предаваат италијански јазик на деца и возрасни лица, да се стекнат со дополнителни знаења и вештини за примената на креативен визуелен начин на пренесување на знаењето и разбирањето на психологијата на детето.
Со оваа обука наставниците се охрабрија да продолжат да применуваат нови содржини, методи и пристапи во процесот на пренесување на занењето.

м-р Ана Цветкоска-Панова, е ликовен педагог – советник, со 25 годишно работно искуство во детска установа за предучилишно пбразование и воспитување. Иако нејзината работа најчесто се поврзува со децата во нивниот ран развој, таа била вклучена и во друг вид на стручна експертиза од областа на ликовната педагогија, фокус групи, автор е на прирачници, учебници за предучилишна, одделенска и предметна настава. Учествувала како предавач и обучувач на многу едукативни настани во земјата и странство. Периодично менторира студенти од Институтот за педагогија при УКИМ и ученици од гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје, отсек Диплома програма на меѓународна матура. Била волонтер на разни проекти и акции наменети за деца од социјално ранливи категории и со посебни образовни потреби.
Таа исто така се занимава со илустрација за деца, возрасни и стручна, научна литература.
Институтот Данте Алигиери од Скопје се заблагодарува на м-р Ана Цветкоска-Панова, ликовен педагог – советник, за несебичното пренесување на личните искуства и знаења воедно и поради нејзината подготвеност оваа обука да ја реализира на волонтерска база.