Институт Данте Алигиери, Скопје

IV Издание на манифестацијата Ден на италијанскиот дизајн во светот

На 5 ноември 2020 година под покровителство на Амбасадата на Италија во Скопје и во соработка со Институтот Данте Алигиери од Скопје и со техничка поддршка на M6 Едукативниот центар во Скопје се одржа четвртото издание на Денот на италијанскиот дизајн во светот 2020. L’Italian design day беше одбележан со предавање на италијанскиот архитект, дизајнер, илустратор и уметник, Серџо Оливоти, под наслов „Етиката на креативноста – дизајнирање книги за деца“.


Настанот во Скопје се одржа во хибриден формат, со строго почитување на стандардите за превенција од Ковид 19. Настанот го следеа 230 посетители од кои десетина меѓу гостите  беа присутни во салата Н.Е. Андреа Силвестри Амбасадорот на Италија во Северна Македонија, проф. Никола Јанкуловски ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. Ладислав Цветковски претседател на Инстиутот Данте Алигиери од Скопје, проф. Руска Ивановска-Наскова, претставниците од Италијанската амбасада во Скопје, г-дин. Алесио Ликуори и проф. Марко Пешетели и г-ѓа Елена Младеновска- Јеленковиќ директорка на М6 Едукативниот ценнтар во Скопје.


Настанот го следеа вкупно 230 посетители од Северна Македонија, Италија и други земји, паралелно да се следи на македонски, италијански и англиски ј
На мастер часот проф. Оливоти зборуваше за следниве теми:
1. Кој одбива да пректира веќе одбрал да биде проектиран (G.C. Argan)
2. ‘Kalokagathia’
3. ‘Ѕtyling’ не е проект
4. ‘Less is more’ (?): спротивставеностите на проектот
5. ‘Sitting on the shoulders of the giants’ (Newton)
6. Новиот Одисеј
7. Мистичната компонента на креативноста
8. Сите знаат да дизајнираат (лажни митови за дизајнот)
9. ‘Case history’: моето искуство како илустратор – примери
10. Илустрацијата е дизајн
11. Илустрацијата: кино или слика?
12. Како да се илустрира (типологии на икони)
13. Што да се илустрира (аудитивната функција на сликатаruolo additivo dell’immagine, il “corno” del testo”, ‘less is more’)
14. Постапки на “Fantastica”