Институт Данте Алигиери, Скопје

Сабота 5 септември, 20.30 часот
Гробот на Данте, Плоштад Св.Франческо
пренос во живо на ravennafestiv.live

ИНАУГУРАЦИЈА НА ЧЕСТВУВАЊАТА
за одбележување на 700 години
од смртта на Данте Алигиери

во присуство на Претседателот на Републиката
директен пренос на ravennafestival.live
директно емитување на екраните во Пјаца дел Пополо

Со овој гест со длабоко значење за градот во кој се наоѓаат посмртните останки на поетот, чествувањата на 700-годишнината се инаугурираат со повторно отворање на просторот каде што се гробот и споменикот на Брачофорте, по реставрацијата што ја врати хармоничната оригиналност на гробот дизајниран на крајот на осумнаесеттиот век од страна на архитектот Камило Мориџа.

За првиот дел од вечерта, во рамките на инаугурацијата на обновениот гробен споменик, вокалниот ансамбл Voces Suaves, група со седиште во Базел, ќе ја изведе Quivi sospiri од Secondo libro di madrigali a cinque voci (1576) на Луѕаско Луѕаски од Ферара, учител на Џироламо Фрескобалди. Свечениот чин ќе биде заокружен со Io sono amore angelico од Џоан Меткалф, компониран за Ансамблот Хилиард во 1988 година, со стиховите на XXIII песна од Рајот. Концертот на плоштадот Сан Франческо се отвора со Fantasia quasi Sonata. Après une lecture de Dante што ја заврши Франц Лист во 1849 година. Меѓу најтешките делови од репертоарот на пијано, La fantasia е доверена на Јулијана Авдеева, добитник на престижната награда Шопен. Со баритонот Лука Микелети, придружуван на пијано од Давиде Кавали, уште една дантеовска слика, Il conte Ugolino од Гаетано Доницети, привлечно и трагично дело. Елио Џермано за крај е повикан да ја прочита Песната со која завршува Commedia, печат на ова извонредно патување во самата природа на човекот и неговиот однос со неискажливата вечност.

Во организација на општина Равена во соработка со Фондацијата Равена Манифестации.
 Стримингот е со слободен пристап.

За информации и детална програма за чествувањата
посетете ја официјалната веб-страница Viva Dante