Сандро Веронези – авторот на Данте
Според најновите вести за проектот “Данте и наградата Стрега 2020“, Сандро Веронези со својот роман „Колибри“ (Бродот на Тезеј) е избран за автор на Здружението Данте Алигиери за 2020!
https://ladante.it/comunicati-stampa/3300-premio-strega-a-sandro-veronesi-il-voto-della-societa-dante-alighieri.html
Избраните тројца од 270 читатели од 25-те комитети ДА во светот (вклучително и комитетот во Скопје) се: Сандро Веронези, Валериа Паррела и Даниеле Менкарели. Првиот избран автор (Веронеси) го доби и колективниот глас на ДА за да влезе во петте (или годинава шест) финалисти за наградата „Стрега 2020“. И тука на врвот е Веронези, а по него следат Карофиљо, Парела, Ферари, Менкарели и Баци. Сандро Веронези исто така ќе биде поканет да учествува на презентации и други иницијативи во комитетите на ДА кои гласаа за него, веднаш штом е можно да се продолжи со некои активности со физичко присуство, или пак во разни иницијативи онлајн. Ние во Читателскиот клуб на Комитетот ДА во Скопје сме горди што ја избравме Колибри од Веронеси меѓу нашите преференци. Тоа е уште една потврда на нашите литературни интуиции, но и на младоста на членовите на нашиот комитет, така што авторот кој најмногу го гласаа читателите од Скопје е Даниеле Менкарели кој со неговиот роман „Сè бара спас“ (Мондадори), е добитник на наградата Стрега 2020 за млади!
I finalisti del Premio Strega 2020 e il vincitore del Premio Strega Giovani 2020
Сега се чека 2 јули за да се дознае кој ќе биде следниот победник на престижната награда Стрега 2020 година!