Институт Данте Алигиери, Скопје

ДАНТЕ И НАГРАДАТА СТРЕГА 2020

Институтот Данте Алигиери во Скопје и годинава, по четврти пат, е дел од проектот „Данте и наградата Стрега“, со што се вклучува во колективното гласање за една од најпрестижните книжевни награди во Италија. Овојпат, тоа се случува во рамките на новопокренатата мрежа наречена „Книжевни президиуми“, со која десетици Данте комитети од Италија и од целиот свет ги промовираат доблестите на италијанската книжевност, книгата, како и процесот на читањето.
Во врска со наградата Стрега 2020 во Скопје е формиран читателски круг од членови на нашиот Институт, кој годинава брои 15 читатели, задолжени за презентирање на прочитаното пред останатите членови на групата. Потоа следува вкрстување на читателските впечатоци и гласање за најдобриот роман, најдоцна до 1 јуни 2020.
Гласовите од Скопје се приклучуваат кон колективниот глас на „Данте“ за конечниот победник на наградата „Стрега“ за 2020 година, но влијаат и за изборот на „Данте-авторот“, т.е. авторот со најмногу гласови од Президиумите. Во текот на јуни тој добива посебно признание од седиштето на Данте во Рим, а се очекува и лично да ги посети комитетите на Данте кои му ја подариле нивната доверба.

Ова се 12-те книги – финалисти за „Стрега 2020“:
1. Silvia Ballestra, La nuova stagione (Bompiani) Новата доба

2. Marta Barone, Città sommersa (Bompiani) Потонат град

3. Jonathan Bazzi, Febbre (Fandango Libri) Треска

4. Gianrico Carofiglio, La misura del tempo (Einaudi) Мерката на времето

5. Gian Arturo Ferrari, Ragazzo italiano (Feltrinelli) Италијанско момче

6. Alessio Forgione, Giovanissimi (NN Editore) Најмлади

7. Giuseppe Lupo, Breve storia del mio silenzio (Marsilio) Кратка приказна за мојот молк

8. Daniele Mencarelli, Tutto chiede salvezza (Mondadori) Сè бара спас

9. Valeria Parrella, Almarina (Einaudi) Алмарина

10. Remo Rapino, Vita, morte e miracoli di Bonfiglio Liborio (Minimum Fax) Животот, смртта и чудата на Бонфиљо Либорио

11. Sandro Veronesi, Il colibrì (La nave di Teseo) Колибри

12. Gian Mario Villalta, L’apprendista (SEM) Стажист (практикант)