Институт Данте Алигиери, Скопје

На 22 март се одржа уште еден успешен Cineforum. Повеќе од 20 учесници имаа можност да го гледаат филмот Случајот Моро. Најнапред Ива и Маја ја воведоа публиката во случувањата на 70тите години во Италија. По филмот се разви интересна дискусија за политичките случувања во историјата на Република Италија, за киднапирањето на италијанскиот политичар Алдо Моро и за неговиот мистериозно нерешен случај. Како никогаш до сега, учесниците на Cineforum-от покажаа интерес за понатамошно истражување на овој случај и општо на политичките случувања од тој период. Спомнати беа неколку филмови, книги и други извори поврзани со истата тема. Поради комплексноста и степенот на италијанскиот на некои слушатели, дел од дискусијата се водеше и на македонски.IMG_6851IMG_6868IMG_6822IMG_6814IMG_6846IMG_6791