На 15.10.2018 во Националната универзитетска библиотека во Скопје беше отворена 18 Недела на италијанскиот јазик во светот со отворање на изложбата Каде што Si слатко звучи. Патување низ историјата на италијанскиот јазик. Членовите на Комитетот од Скопје, студентите, професорите и љубителите на италијанската култура во Македонија можеа да видат 38 панели што ја раскажуваат историјата на италијанскиот јазик на коишто им беа додадени други два што зборуваат за јазично-литературните вкрстувања меѓу италијанскиот и македонскиот.
Изложбата беше збогатена и со десетина стари книги и ракописи на италијански јазик од фондот на Библиотеката домаќин и од околу 180 преводи на литературни дела на македонски. На отварањето на изложбата зборуваа Директорката на НУБ во Скопје, Сенка Наумовска, Амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, Генералниот секретар на Данте Алигиери, Алесандро Мази (видео поздрав), Потпретседателот на Комитетот во скопје, Руска Ивановска –Наскова, професорката Лучила Пицоли од Централното седиште на “Данте Алигиери“ и Вера Гено од Академија дела Круска. Изложбата е изведена благодарение на поддршката од Централното седиште и со помош на Италијанската Амбасада во Македонија, НУБ “СВ.Климент Охридски“, Скопје, Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Комитетот во Скопје, посебно претседателот Ладислав Цветковски и Руска Ивановска-Наскова.
Изложбата ќе биде отворена сѐ до 30 октомври и се планираат организирани посети од студенти кои студираат италијански во Македонија во училиштата и универзитетите.
На 16.10.2018, професорката Пицоли одржа предавање со налсов “Италијанскиот и италијанизмите во светот: забелешки од еден истражувачки проект“ за студентите и колегите на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ и членовите на Комитетот во Скопје. Двете конференции на проф.Пицоли предизвикаа голем интерес за изложбата и за активностите на Институтот Данте Алигиери и отворија разни перспективи за идни соработки на полето на наставата по италијански јазик и не само.