Институт Данте Алигиери, Скопје

Invito apertura mostra Dove il SI suona per mail

На 15.10.2018 (понеделник) во 12.30 ч. во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отвора изложбата „Каде Sì слатко звучи. Патување низ историјата на италијанскиот јазик“.
Оваа патувачка изложба, чиј куратор е од еден од најголемите италијански лингвисти, проф. Лука Серијани, по Фиренца, Цирих, Москва, Берлин и Варшава, доаѓа и во Скопје.
Вљубениците во италијанскиот јазик и култура ќе можат да погледнат 40 панели кои претставуваат различни периоди од развојот на италијански јазик, а ќе можат да ги погледнат и најстарите книги и ракописи на италијански од фондот на НУБ.
Изложбата, во организација на Институтот Данте Алигиери во Скопје, НУБ, УКИМ и Италијанската Амбасада во Македонија и под покровителство на Претседателот на Република Италија, ќе биде отворена од 15.10-30.10.2018. Со оваа изложба се отвора XVIII Недела на италијанскиот јазик во светот.