Учебната година заврши и за учениците од 4 основни училишта во Скопје и 2 основни училишта во Струга кои го изучуваа италијанксиот јазик во 4 и 5 одделение како изборен предмет. Овој проект на Институтот Данте Алигиери е поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија во соработка со Италијанската амбасада во Скопје. Се надеваме дека многу од овие ученици ќе продолжат со учење на италијанскиот јазик и дека овој проект ќе продолжи успешно и во наредната учебна година.