Институт Данте Алигиери, Скопје

Со концертот на италијанскиот гитарист Фабио Барбагало на 16.05.2018 (среда) во 19.30 ч. во Даут Пашин Амам, Институтот Данте Алигиери во Скопје (www.ladante.mk) се вклучува во одбележувањето на роденденот на Данте Алигиери. Овој голем италијански поет е патрон на Асоцијацијата Данте Алигиери (www.ladante.it), а Институтот во Скопје е еден од неговите 482 комитета распростанети во 80 земји во целиот свет.

LOGO 2LOGO DA

Главната мисија на оваа асоцијација е промовирање на италијанскиот јазик и култура. Институтот Данте Алигиери ја остварува оваа цел во тесна соработка со Амбасадата на Република Италија во Скопје, Катедрата за италијански јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и преку други институции во Македонија преку организација на курсеви по италијански јазик, културни настани и сл.
3
Фабио БАРБАГАЛО е еден од најактивните италијанските гитаристи од неговата генерација на меѓународно ниво. Студиите по електронска музика и музички дисциплини и нова технологија ги завршил на Музичкиот Институт „В. Белини“ во Катанија со највисока оценка. Бил член на жирија на голем број меѓународни натпревари, а има држено концерти, семинари и специјализирани часови masterclasses во дури 24 држави низ светот. Неговите композиции се издадени за СИНФОНИКА во Милано. Основач и уметнички директор на „Соларино Меѓународен фестивал за гитара“.