“На 28 јуни 1867 година во едно село со сараценски маслинки со поглед на рабовите на висорамнината со сини плочи врз африканското море“ – околината на Агриџенто – Луиџи Пирандело го почнуваше неговиот “ненамерен престој на земјата“. Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, се повикува на овие зборови на големиот сицилијански писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1934 година, за да потсети на 150 годишнината од неговото раѓање.
“Во Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка организираме календар со иницијативи за одбележување и на интернационално ниво, за да му оддадеме почит на ликот и делот на големиот драматург. Тоа е иницијатива што ги опфаќа дипломатските претставништва, италијанските институти за култура и други релевантни фактори, задолжени за промоција на италијанскиот јазик и култура во светот“.
Планот кој е создаден за логична интегрирана промоција, ќе се претстави во различни сектори и полиња: литература, театар, кино, ширење на италијанскиот јазик, културниот туризам. “Меѓу повеќето од 100 настани во програмата – објаснува Алфано – е ширењето на италијанските училишта во странство, со конкурсот објавен од Министерството за образование, универзитети и истражувања, “Еден, ниеден и сто илјади“, за обработка на оригинално театарско сценарио, инспирирано од некој расказ на авторот. Меѓу другото ќе организираме низа конференции што ќе ги држат врвни личности на италијанската култура, читања на извадоци од страна на професионални актери и проекции на филмови со теми од делата на Пирандело; со посебен акцент во октомври, во рамките на Неделата на италијанскиот јазик во светот, годинава посветена на врската меѓу јазикот и филмот“.
Навраќањето ќе биде прилика за промоција во странство на културниот туризам на територијата на Агриџенто во соработка со локалниот Комитет одреден за прославата, со којшто претседава писателот Андреа Камилери.
Важно е – заклучува Алфано – да му се оддаде почит на големиот уметник кој го обележа минатиот век дури и по неговата смрт, именувајќи ги немирите и духот на времето и водејќи ја Сицилија и цела Италија во центарот на светската и европската книжевна и театарска култура“.