Институт Данте Алигиери, Скопје

КАРНЕВАЛОТ ВО АЛИЈАНО
25 – 28 февруари 2017

100_0210Доаѓаа со големи скокови и врескаа како повредени животни, воздигнувајќи се во самите нивни крикови. Беа селски маски. Во раце ги носеа овчите суви кожи завртени како стапови и викаа заканувачки, удираа со нив врз грбот и главата на сите оние што не ќе се тргнеа навреме… Карло Леви, Христос застана во Еболи.

Aurelio-Chiesa-Via Crucis 240

Следејќи го инспиративниот пат на пустите предели во единствениот пејсаж што го обвиткува граничното село на Карло Леви и оваа година ќе може да се ужива во најстарите и најинспиративни лукански традиционални ритуали: Карневалот во Алијано. Ова е карневал што не го очекуваш и те привлекува со силата и расположението на неговите протагонисти: жителите на Алијано. Рогати маски направени со вештите занаетчиски раце, разнобојни шапки што се обидуваат да ги потиснат маските кои понекогаш изгледаат заканувачки парадирајќи низ улиците на селото, во придружба на музика од хармоника.

10 Aliano, Maschera Comune di Aliano Ова е карневал со старо потекло, со можни елементи на егзорцизам против злото. Најкарактеристичните маски се со рогови, ѓаволски или на духови. Млади луѓе го поминуваат селото вооружени со еден вид растеглива палка. Облечени се во класични долги зимски ѕиври заврзани попречно со кожна лента на која висат бројни бронзени ѕвончиња и украси за мазги и коњи. Појас од грива им ја обвиткува половината, додека главата им е покриена со крупна маска составена од глина и стиропор, издигната од голем број пердуви од петел од чијшто преден дел продираат прилично истакнати рогови и долги висечки носеви.

11 Aliano, Carnevale, Comune di Aliano Ги претставуваат дијаболичните и гротексни суштества со магични значења кои се губат во самото потекло на Карневалот. Ваквите маски се уникатни, не е можно да се најдат на друго место за што сведочи традицијата сочувана во Алијано. Последната недела од карневалот, на селскиот плоштад се држи “збор“, саркастично претставување кое се однесува на настаните и личностите од локалниот живот. На карневалот, исто така алијанската селска кујна ги изложува сопствените стари традиции преку вековните рецепти. Ова е всушност периодот на FRZZUE што се подготвуваат со трска околу која се витка тестото што потоа се растегнува. Традицијата вели дека јадењето се подготвува во неделата што следи по Свети Антонио опатот што се слави на 17 јануари и нивната подготовка се продолжува сѐ до “PETRUSELLO“ што се совпаѓа со последниот ден од амброзијанскиот карневал. FRZZUE се покриваат со козји кашкавал и рен и се зачинуваат со рагу од свинско месо.

unnamedПреземено од “La Lettrera della Dante“ бр.8

22 февруари 2017