ФИНАЛИСТИ ЗА НАГРАДАТА СТРЕГА 2016
Се затвори “избирачкото место“ за првото гласање, она што ги скицира финалистите на изданието 2016 на Наградата Стрега, прoмовирана од Фондацијата Марија и Гофредо Белончи и од Liquore Strega со поддршка на Градот Рим и Униндустрија – Унија на индустријалците и фирмите од Рим, Фрозиноне, Латина, Риети, Витербо. Претседавачот на гласањето, Никола Лаџоја, победник на Наградата Стрега 2015, го опиша текот на пристигнатите гласови по телефонски пат во претходните седмици. Збирот на електронските гласови и хартиените табели ја покажа петорката на автори и книги, финалисти на Наградата Стрега 2016, а тоа се:
- Католичко училиште (Рицоли) од Едоардо Албинати со 202 гласа
- Човек на иднината (Мондадори) од Ералдо Алфинати со 160 гласа
- Да имаа (Гарѕанти) од Виторио Сермонти со 156 гласа
- Дивата свиња што го уби Либерти Валанс (минимум факс) од Џордано Меачи со 138 гласа
- Гола женска (Бродот на Тезеј) од Елена Станканели со 102 гласа
Гласовите на другите кандидати, кои не се пласираа понатаму, се следниве:
- Збогум (Џунти) од Антонио Мореско со 94 гласа
- Погрешната ќерка (Фрасинели) од Рафаела Ромањоло со 77 гласа
- Каде ќе најдете друг татко како мојот (Понте але Грацие) од Росана Кампо со 71 глас
- Реликвијата од Константинопол (Нери Поца) од Паоло Малагути со 69 гласа
- Вештерките од Ленцаваке (е/о) од Симона Ло Јаконо со 67 гласа
- Согласно со славата (Воланд) од Деметрио Паолин со 50 гласа
- Од урнатините (Тунуе) од Лучано Фунета со 26 гласа
Овој резултат ги опфаќа и гласовите на 400 Amici della domenica, на коишто неколку години им се додаваат гласовите на 40 гласачи избрани од независните италијански книжарници во асоцијацијата АЛИ и 20 колективни гласови што доаѓаат од училиштата, универзитетите и Италијанските институти за култура во странство, вкупно 460 права на глас.
Италијанските и странските комитети на Институтот Данте Алигиери (Малага, Кралството Монако, Ростов, Скопје, Тунис, Рим, Беневенто) гласаа за Рафаела Ромањоло, Едоардо Албинати, Симона Ло Јаконо.
Петте писатели, финалисти на Наградата Стрега 2016 се сретнаа во средата 22 јуни во Хотелот Меридиен во Монако, во тек на еден настан промовиран од локалниот комитет на ДА во соработка со Фондацијата Марија и Гофредо Белончи.
Романот на Рафаела Ромањоло “Погрешна ќерка“ (издание на Фрасинели) е најгласаниот од литературните кругови промовирани во рамките на Институтот Данте Алигиери од Монако (Кралство Монако), Ростов, Скопје и Тунис, вклучени во годинешното издание, како и од Рим и Беневенто, претставници на претходните едиции.
На Ромањоло, која резултираше како најгласана со 13 приоритети, по која следат Едоардо Албинати и Симона Ло Јаконо, ќе ѝ биде врачено признание од Претседателот на Институтот Данте Алигиери, Андреа Рикарди, а по летото, ќе ги посети странските комитети вклучени во проектот, со циклус книжевни манифестации.
Второто гласање и прогласувањето на победникот на Наградата Стрега 2016 ќе бидат во петок 8 јули, во Аудиториумот – Парк на Музиката во Рим, што ќе биде пренесувано во живо на телевизијата РАИ 3.
Во прилог куса презентација на романите од петте финалисти:
Католичко училиште (Рицоли) од Едоардо Албинати
Рим, седумдесетите години: резиденцијална населба, приватно училиште. Изгледа дека ништо значајно не може да се случи, па сепак, од мистериозни причини, за кратко време ова засолниште на почитувани личности минува низ невидено лудило; само што ја завршиле гимназијата, некои поранешни ученици се откриваат како извршители на едно од најпрочуените злосторства од овој период, Злосторството од Чирчео. Едоардо Албинати бил нивен школски другар и четириесет години ги чувал тајните на таа “mala educacion”. Сега ги раскажува, гледајќи ги како што се гледа во дното на еден бунар каде што осцилира, таинствена и деформирана, сопствената слика. Од оваа појдовна точка се развива романот, којшто збунува поради распространетоста на темите и различностите на големите и малите авантури: од боемски песнички до вртоглави мисли, од точната реконструкција на деловите на приказната и на италијанското општество, до исповедите на секој од нас што би требало да ги направи кога и да биде прашан: “Што навистина посакуваше кога беше дете?“. Адолесценцијата, сексот, религијата и насилството; парите, пријателството, одмаздата; митските професори, свештеници, хулигани, мали генијалци и психопати, енигматични девојчиња и терористи. Мешајќи ги вистинските личности со ликовите на романот, Албинати гради нарација што има храброст отворено да се соочи со големите прашања на животот и времето но и да ја покаже опачината на нештата.
Човек на иднината (Мондадори) од Ералдо Афинати
По речиси педесет години од неговата смрт, дон Лоренцо Милани, свештеник и извонреден Италијанец, многу пати спомнуван но често несфатен, не престанува да нѐ интересира. Ералдо Афинати го прифатил егзистенцијалниот предизвик, сѐ уште отворен и драматично неисполнет, поминувајќи ги патиштата на неговата кратка и молскавична авантура: Фиренца, кадешто се раѓа во едно богато и образовано семејство со мајка од еврејско потекло, го посетувал семинарот и умрел во рацете на своите ученици; Милано, место на образованието и промашената сликарска вокација; Монтеспертоли, во позадината на Џиљола, престижната сопственичка вила; Кастиљончело, седиште на митските летни одмори; Сан Донато ди Каленцано, кој го гледа младиот заменик парох во активностите во првото народно училиште основано од него; Барбиана, “црковниот затвор“, во еден изгубен замок на тосканските Апенини, неверојатна сцена на неговата револуција. Но оваа книга, плод на истражувања и страствени иследувања, која претендира да го легитимира пишувањето што од тоа произлегува, нема да најдеме само приказна за човек од сведоштвата на оние со кои се среќавал. Афинати го барал духовното наследство на дон Лоренцо во пределите на планетата каде што некои изолирани воспитувачи, заедно со нивните ученици, без да знаат кој е тој, го преобразуваат секој ден.
Ако би имале (Гарѕанти) од Виторио Сермонти
Едно мајско утро во 1945, тројца (или четворица) партизани со митралези на стомакот во мала вила во Саемската зона на Милано во лов на еден службеник на Социјална република (или можеби на тројца), следи пространо разгледување и си одат. Од оваа домашна анегдота, синхронизирана добро или лошо со големите настани на Историјата, се отвораат седумдесет години на сеќавања за еден петнесетгодишен брат, збунети но остри, во кои се верува како што се “непрекинатите силувања на меморијата“: црната крв и мразот на војната, тажната фарса да се замислуваш херој, потоа “преминот од страна на непријателот“ “феудалното“ семејство на чудната мајка; но и низата лоши љубови, читањето, театарот, музиката, фудбалот, пријателите. Но главата и срцето не го враќаат она мајско утро, онa промашено крвопролевање. Така, во обидот да се пресмета со своите духови, Виторио Сермонти ни подарува една збунувачка книга, напишана во форма на долга љубовна песна за некој како тебе кој разоткрил многу од овие духови на “раскажаниот раскажувач“, и уште му дава волја за живот: една книга којашто исто така е минијатурна хроника на една Земја и на една бескраен период по војната…
Дивата свиња што го уби Либерти Валанс (минимум факс) од Џордано Меачи
Во имагинарното село Корсињано – меѓу Тоскана и Умбрија – животот тече како и секогаш. Луѓето работат, жените ги изневеруваат своите мажи а мажите губат богатство на карти. Има една старица што се сеќава на денот во кој била напуштена на олтарот, адвокат никаквец, две многу убави сестри што се истакнуваат во уметноста на проституцијата и едно девојче што ризикува да умре. Има стадо диви свињи што талкаат во околните шуми. Една од тие диви свињи мистериозно придобива способност да ја надмине својата природа. Не само што станува способна да ги обработува мислите достојни на едно човечко суштетство туку точно како нас, станува свесна и за смртта, премногу човечки за да биде целосно сфатена од своите блиски и премногу животински за луѓето да не се плашат од неа: “Дивата свиња што го уби Либерти Валанс“ одеднаш се наоѓа во ничија земја што од една страна го фрла во осаменост но од друга страна му дава способност да пристапи кон тајните на Корсињано, читајќи во срцето на неговите жители. Џордано Меачи пишува еден прекрасен роман, возбудлив, страстен, што раскажува за вечната мистерија на нашите чувства и го прави тоа благодарение на прастариот начин, да се третираат животните како луѓе а луѓето како еден од многуте видови што живеат на земјата.
Гола женска (Бродот на Тезеј) од Елена Станканели
Ана е интелигентна жена, убава, со интересна работа, но одеднаш сето ова не ѝ користи повеќе. По пет години нејзината љубовна врска со Давиде пропаѓа во калта на предавства, лаги, уцени. А нејзиниот живот се распарчува. Се претвора во хистерична, не спие, не јаде, пуши и се опијанува секоја вечер за да успее да заспие. Опсесивно почнува да го пребарува неговиот телефон, на чет, на социјалните мрежи. Не знае што бара, не знае зошто бара. Една година ќе остане затвореничка на она што таа самата го нарекува кралство на идиотизмот, без да успее некому да каже. Ова раскажување е нејзина исповед, во форма на писмо, без срам. Понижувачки и смешни детали, опсесивност, морбидност. Ана личи на сите нас, коишто се бориме во оваа парадоксална битка што ја нарекуваме љубов. Понекогаш победуваме, почесто губиме. Единственото нешто на кое секогаш можеме да сметаме, единствено способно да ни ги покаже нашите граници, нашите потреби е телото. Токму телото ќе го зграпчи Ана за да ја совлада болката.