Институт Данте Алигиери, Скопје

Во понеделник, 18 јануари во 17 часот во Јазичниот центар на нашиот
(плоштад Македонија, Ристиќева Палата, 3 кат) членовите и пријателите на Данте
имаа книжевна средба со Франко Унгаро кој ја промовираше својата нова книга Одам
во Лече, познати уметници и писатели на прошетка низ градот (Edizioni Kurumuny 2015).
DSC_0178[1]Последната книжевна авантура на Франко Унгаро, по Lecce sbarocca,
продолжува, низ урбано раскажување. Во Одам во Лече, познати уметници и писатели на
прошетка низ градот Унгаро собрал и селектирал текстови од преку 40 автори,
салентинци или не, коишто од четириесетите години до денес раскажувале за Лече преку
зборови, музика и поезија, прилози и есеи.
Како што пишува Масимо Бреј во предговорот, “разновидноста на Унгаро
секако не се ограничува само на ова: тој ги меша родовите и различните јазици – marble
floor и marble stairs се она што ја погодува имагинацијата на Ли Раналдо во Лече, leaving,
додека големиот тенор Тито Скипа го пее на салентински својот нежен Лече како
вистински “paradisu ‘nterra и истовремено ни нуди слика на градот што се раскажува
себеси преку неговите уметници, писатели, новинари и поети; тоа е мозаик на бегли
впечатоци, чувства, размисли произлезени од перото на патувачите што го посетиле“.
Сликата што произлегува од ова е на еден град што маѓепсува и изненадува,
возбудува и привлекува, како град којшто, ни повеќе ни помалку од другите градови, крие
неисповедани гревови, ограничувања и противречности.

Го има тука Лече кој e фасцинантен поради златниот и барокниот камен, некој
го раскажува преминот на сиромашниот и селски град од четириесетите и педесетите
години до оној од осумдесетите години со истакнатиот ноќен живот, од оној длабоко
немирен и трескавичен на Едоардо Де Кандиа и Тонино Капуто до оној “имагинарниот“ и
екстравагантен на Нонциклопедијата или снежниот Лече на Бјорн Ларсон.
Тука е Лече виден со очите и срцето на еден имигрант од Либан, Лече на слепо
вљубените (Тито Скипа) и оној на вљубените со големи барања. Автори за кои географијата се
престорува во поезија, станувајќи атлас на чувства.
DSC_0184[1]Лече е раскажан во автомобил од страна на Џорџо Капрони, на велосипед
преку чудните средби на Бруно Бранкер, пешки од Aнтонио Л.Вери, на мотор – како што
прави раперот Абан, или во воз на тргнување (Марио Перота), или конечно пред жолтиот
подвижен мост закачен на возот Милано-Лече којшто Ролан Барт го набљудува во
миланската станица. Места, личности, карактери, приказни и мини приказни раскажани од
разни гледни точки, различни инспирации и перспективи, со различни детали, љубопитност и книжевни квалитети.
На крајот, Одам во Лече е покана да се зачува меморијата и убавината на
градот, покана до граѓаните на Лече, но и до останатите, да пишуваат други и нови
раскази за градот, низ своите замисли и впечатоци, со сопствен стил и гледна точка, во
прилог на еден уметнички и книжевен проект кој може да биде споделен и со учество на
нови автори.
Франко Унгаро сè до март 2015 година бил директор на Театарот Кореја од
Лече. Ја основал Медитеранската Академија на Актерот (www.accademiaama.it). Освен
бројни прилози во дневните весници и во италијанските и интернационални списанија, ги
објавил и книгите Dimettersi dal Sud (Laterza 2006) и Lecce sbarocca (Besa, 2011).

(Подготвила: Анета Симовска)