Институт Данте Алигиери, Скопје

II фаза од III Обука за наставници по италијански јазик

Песни и оперски арии во наставата по италијански јазик, култура и литература

II фаза од III Обука за наставници по италијански јазик

Во рамките на Неделата на италијанскиот јазик во светот, којашто годинава се одбележуваше под темата: “Италијанскиот јазик на музиката и музиката на италијанскиот јазик“ , на крајот од октомври (29 и 30), Институтот ја организираше втората фаза од Обуката во Италијанско-македонскиот Мултимедијален Центар при Филолошкиот Факултет “Блаже Конески“ од Скопје со обучувачите, проф. Паоло Балбони и проф. Фабио Каон задно со 40 пријавени учесници од седум различни градови во Македонија: Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Битола, Дебар, Струга.

Обуката започна на 29 октомври во 11.00 часот и во текот на 6 часа предвидени за тој ден, според програмата, преку анализа на научните основни принципи во дидактизацијата, беше објаснета употребата на песната во наставата по италијански јазик, култура и книжевност. По завршувањето на предвидените часови, и овојпат, Институтот организираше вечера за сите учесници во италијанскиот ресторан – “La Terrazza”во Скопје.

Следниот ден, во рамките на 4 часа од втората фаза од Обуката, со постојано и непосредно учество на курсистите и наизменичните предавања на професорите беа споделени искуствата во дидактизацијата impromptu а исто така, беше претставен проектот ‘Italians’ за обработка на песна во наставни цели од страна на проф.Каон. Втората фаза заврши со церемонијата на доделување на сертификати за учество од страна на Претседателот на Институтот и професорите- обучувачи од ИТАЛС.

Благодарение на деталната организација и учество во останатите настани во рамките на Неделата, нашиот Институт беше избран за Институт – Комитет на неделата во светски рамки од страна на Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим. bvgtc