Институт Данте Алигиери, Скопје

Најголем пад од 25 % за маслиновото масло, додека пак 7% за овошјето

01-05-2015-krizaКризата ја намали потрошувачката на прехранбени продукти , но исто така длабоко ги промени навиките на Италијанците кои беа принудени да се збогуваат со производите кои се основа на медитеранскиот начин на исхрана од маслото до виното, од овошјето и зеленчукот, до тестенините, сѐ до лебот кој се спушти на историско ниво од периодот на обединувањето на Италија. Како и да е, годинава се очекува повторен пораст откако снабдувањето со прехранбени производи го достигна дното во 2004 година враќајки се наназад преку 33 години на минималната стапка од 1981 година. Почнувајќи од 2008  година, Колдирети е таа што  ги анализира трошоците во кошницата за пазарење на Италијанците.

Најголемиот пад- потенцира- се случил кај маслиновото масло чија побарувачка опаднала за 25%, а потрошувачката по лице опаднала на 9,2 % на годишно ниво во 2014; Остануваат зад Италија, Шпанија со 10,4 килограми и Грција која што со 16,3 килограми е доминантна на листата. Побарувачката на вино опадна за 19 % со потрошувачка која достигнува околу 20 милиони хектолитри. Многу загрижувачка е ситуацијата со овошјето и свежиот зеленчук бидејќи, како резултат на пад од 7 %, потрошувачката по лице запрела на малку повеќе од 130 килограми на годишно ниво кои соодветствуваат на не повеќе од 360 грама дневно во однос на 400 грама препорачани од Светската здравствена организација.Но,особено во Италија- прецизира Колдирети- само 18%  од популацијата на возраст постара од 3 години конзумира барем 4 порции овошје и зеленчук дневно. Во опаѓање е и потрошувачката на тестенините иако Италијанците остануваат најголеми потрошувачи со околу 26 килограми по лице на годишно ниво што е трипати повеќе од онаа на еден Американец, на еден Грк или на еден Французин,петпати повеќе од онаа на еден Германец или на еден Шпанец и 16 пати повеќе од онаа на еден Јапонец. Но, никогаш не била толку ниска потрошувачката на лебот која, од почетокот на кризата практично е преполовена, спуштајќи се во 2014-та на историски минимум со приближно 90 грама, еднакви на помалку од 2 кришки леб дневно по лице.

Леб, тестенини, риба, овошје, зеленчук, цедено маслиново масло и традиционалната чаша вино кои се конзумираат со редовни оброци на маса се покажале-  наведува Колдирети- како еликсир за долговечност на Италијанците, кои сѐ досега се класифицирале помеѓу најдолговечните нации на светот со просечен животен век кој достигнал 79,8 години за мажите и 84,8 години за жените. Но, ситуацијата би можела да се смени во иднина како резултат на промената на начинот на исхрана особено меѓу помладите генерации со речиси 1/3 (30,8 %) од децата кои имаат проблем со дебелина или покачена телесна тежина. Особено- потенцира Колдирети- децата со прекумерена телесна тежина се 20,9 % додека оние кои страдаат од дебелина се 9,8 % врз основа на еден примерок на возраст помеѓу 8-9 години во основните училишта кои учествувале во истражувањето “Внимавајте на здравјето “ спроведена од страна на Министерството за здравство. Се придодаваат и лошите навики на 8 % од децата кои го прескокнуваат појадокот и 31 %  кои не го практикуваат на соодветен начин, но исто така и со 41% кои обично земаат газирани пијалаци со вештачки засладувачи додека пак 25% од родителите изјавува дека нивните деца немаат дневен внес на овошје и зеленчук.

За да се создадат потрошувачи кои ќе бидат свесни за принципите на здрав начин на исхрана и на внесувањето сезонски продукти како и да се вреднуваат производите кои се основа на медитеранскиот начин на исхрана, реконструирајќи ја врската која ги поврзува продуктите од земјоделскиот сектор со храна која се конзумира секојдневно”, Колдирети ги бележи сопствените напори во проектот “Educazione alla Campagna Amica “кое вклучува преку 100.000 ученици од основните и средни училишта ширум Италија во преку 3.000 лекции во програмата за образовни/ дидактички фарми и во преку 5.000 лабаратории за вкус организирани во фармите и во паралелките.

Превод од италијански: Даниела Здравевска