Институт Данте Алигиери, Скопје

Тицијано Феро (Латина, 21 февруари 1980) е италијански кантавтор и дискографски продуцент. Во неговата кариера има пеено и на шпански, англиски, француски и португалски. Неговите сертифицирани публикации бројат над 10 милиони копии главно продадени во Европа и Латинска Америка и во неговата децениска кариера, добил бројни награди, номинации и признанија што се меѓу најзначајните на домашно и меѓународно ниво.

– Пејачот кој гостуваше на Верисимо, забавна и информативна програма за случувањата на славните личности, зборува за желбата да има покрај себе свои деца –

“Навистина би сакал да станам татко. Често сонувам за тоа да имам син, дури многу почесто да имам ќерка.“ Феро, кој не се плаши од силата на сопствените чувства, ја навикна неговата публика на моќта на зборовите и на свесноста за сопствениот пат кој исто така го помина и низ познатиот coming out, трансформирајќи го од еден обичен поп–идол во убедлив и харизматичен лик.

Поради ова, изјави поврзани со приватниот живот, чувствата и идните желби кои тој ги даде во салонот на Силвија Тофанин не нè зачудуваат. На 35 години Тицијано не е повеќе дете, туку млад човек кој во неговата иднина, покрај работата, гледа и семејство. „Често мислам на љубовта – признава Феро кога зборува за себе – Се наоѓам себеси како го замислувам синот или ќерката во секојдневните животни активности, покрај мене во бар додека пијам кафе, на прошетка или пак како се дружи со моите најблиски.“

Секако неговата хомосексуална припадност би можела да ја направи потешка реализацијата на неговиот сон да стане татко и Тицијано е за тоа свесен иако објаснува: „Она што одбрав да го правам е да бидам слободен,  да погледнам длабоко во себе и да го следам мојот пат. Сфатив дека е полесно да го следам овој, а не некој друг пат. Ме радува ако ова би им било од помош на другите, но не знам дали би се сметал за пример.”

17-04-2015_Ferro_img2Оставајќи го настрана неговиот личен избор, она што најмногу го загрижува овој пејач не е толку идејата еден геј татко да има син, туку повеќе одговорноста на тоа дете да биде секогаш “син” на една славна личност што по себе носи одредени очекувања, особено кога ова дете би требало да одбере да ги следи стапките на татко му. „На почетокот би стравувал – објаснува пејачот – би му рекол дека тоа е еден комплициран пат. Би ја открил во него тешкотијата да биде мој син, секогаш да мора да пoкаже дека е достоен. Но, откако го кажав сето ова, се надевам дека ќе се носам со неговиот избор како нешто убаво и дека ќе му бидам поддршка.“

Превод од италијански: Татјана Стојковска