Институт Данте Алигиери, Скопје

Матео Ренци, најмладиот италијански премиер досега, навлекува на себе остри критики, коишто немаат ништо со неговите „итно потребни“ политички и економски реформи. Напротив, Италијанците не ја поднесуваат неговата сè почеста употреба на англиски термини.

Ренци го воведе терминот „jobs act“ (реформа за вработување), згор   а на тоа користи англиски зборови како „benchmark“ (референцијална точка) и „hashtag“ (хаштаг) во секоја од своите презентации. Инсистира и на тоа дека министрите од неговиот кабинет треба да зборуваат англиски, прво вакво барање за италијанските политичари. Оваа мода сè повеќе се шири: италијанската военa морнарица ја започна новата кампања за регрутација употребувајќи англиски слоган „Be Cool and Join the Navy“ (Бидете кул и придружете се во морнарица).

Англискиот сепак, не е добронамерно прифатен од голем број на Италијанци кој постојано расте и истите ги поттикнуваат политичарите да зборуваат на италијански.

„Имаме голема реформа во тек околу вработувањето“, вели Бепе Северњини, новинар во Кориере дела Сера. „На италијански се вика ‘реформа на трудот, на работата’. Зошто воопшто треба да ја викаме Jobs Act (реформа за вработување)?“

17-04-2015_Renzi_img1Според Северњини, оваа употреба на англискиот е само нурнување во минатото, кога во Средниот век политичарите зборувале на латински со цел народот да не сфати што точно се случува. „Англискиот е како сахарин, не како шеќер, сахаринот што се става во јавното кафе на италијанската политика“. Потврдува. „Тоа е нешто што ги ублажува до толку работите, што луѓето не го дознаваат вистинскиот вкус што тлее под него“.

Друг пример е продолжената дискусија која што ги опфаќа претераните трошоци на владата. „Сакаме да продолжиме со вистинските контроли врз трошоците, па тогаш зошто не ги кажуваме на италијански, ‘ревизија на трошоците?’“, прашува Северњини. „Јасно и едноставно…но не, тие тоа го кажуваат како spending review, па многумина Италијанци не успеваат ниту да го изговорат.“

„Која е потребата да се прави тоа?“ прашање кое Северњини им го посвети на своите познавачи на политиката. Новинарот нагласува дека тие честопати одговараат дека тоа е подобар начин за да се комуницира со останатите Европејци и дека поголемиот број на Италијанци дефинитивно успева да ги разбере едноставните англиски термини како „jobs” (вработување) и „act” (реформа).

Одговорот на Северњини? „Јас нема да подлегнам“ вели. „Јас го сакам италијанскиот… тоа што не ми се допаѓа е мешањето на јазиците и мешањето на овој начин покажува комплекс на инфериорност, мрзливост и занемарување. И јас велам mouse кога користам компјутер, но за сè останато сметам дека имаме голем јазик, па така треба да имаме добра смисла за употреба на италијанскиот“.

Превод од италијански: Дарио Тодоровски