Институтот „Данте Алигиери‘‘ со огромна тага Ве информира за смртта на претседателот на здружението, амбасадорот Бруно Ботаи.
Амбасадорот Бруно Ботаи е роден во Рим, 10 јули 1930. На возраст од само 24 години ја започнал својата дипломатска кариера со функцијата заменик конзул во Тунис и секеретар за италијанското претставништво во тогаш основаната Европска заедница од 1958 до 1961. Продолжил да го следи европскиот развој за време на работењето во различни седишта во Италија и во странство, на пример како амбасадор при Светата столица (1979-81 и од 1994 до 1997), како амбасадор во Лондон (1985-87) и како генерален секретар на Министерството за надворешни работи (1987-94).
Од април 1995 кога бил назначен за претседател на институот „Данте Алигиери‘‘, па сè до денес, Амбасадорот Ботаи со максимален ангажман придонесе за обнова на најстарата и напрестижна италијанска институција која има активности во Италија и во светот за ширење на италијанскиот јазик и култура. Под неговото раководство друштвото „Данте Алигиери‘‘ започна бројни и иновативни проекти како сертификатот ПЛИДА, сертификатот АДА, користење на интернетот итн. Неговиот став за културната политика на италијанскиот јазик во странство се концентрира на олеснување на односите помеѓу „Данте Алигиери‘‘ и Министерството за надворешни работи како дел од интегрираниот систем, кој и покрај ограничените финансиски ресусрси, може да овозможи соработка на меѓународно ниво со италијанската дипломатска мрежа. Добива признание за своите успеси од страна на претседателот на Републиката (златен медал) и од министерот за културно наследство (златен медал), а во странство ја добива престижната награда „Принцот на Астурија‘‘ од актуелниот крал на Шпанија, Фелипе Шести
.