Институт Данте Алигиери, Скопје

Институтот Данте Алигиери со задоволство ве информира дека и оваа година организира разговорни средби на италијански јазик за своите членови. Првата средба ќе се одржи на 05.11.2014 (среда) во 20:00h во седиштето на Данте на плоштад Македонија, Ристичева палата, 3 кат, на тема: Дали живеењето во град може да ве чини скапо по здравјето?

– Целта на средбите е кандидатите да го практицираат италијанскиот јазик, преку novost2размена на мислења, ставови и искуства на одредени теми од различни области на општествено-културното живеење на Италија.

– Средбите ги водат двајца модератори (од Македонија и од Италија), со активно
учество на повеќе Данте – членови.

– Предност за учество имаат актуелните членови на Данте (зачленети 2013/2014)- Бројот на учесници на една средба е ограничен: можност за учество ќе имаат оние ДА членови кои навремено ќе го пријават своето учество (најдоцна до вторник), електронски на: ladante.skopje@gmail.com

– Пријавените учесници ќе бидат известени за темата на разговорот од таа недела и
ќе добијат соодветни упатства за продлабочување и подготовка на истата.