Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија и Лабораторијата ITALS при Универзитетот Ka’ Фоскари од Венеција на 20 и 21 јуни во италијанско-македонскиот Мултимедијален центар при Филолошкиот Факултет Блаже Консеки во Скопје, ја организира првата фаза од годинешната обука за наставници по италијански јазик на тема: Настава на италијанскиот јазик и култура со помош на автентични материјали. Настанот е предвидено да се одвива 2 дена и тоа во петок, 20 јуни со почеток во 17 часот и сабота 21 јуни со почеток во 9 часот. Предавач на обуката е проф. д-р Лоренцо Гуљелми.