Болоња, центарот на Италија и на Европа, е крстосница на знаење и искуства и отсекогаш била место на размена и комуникација. Болоња е главен град на регионот Емилија Ромања, позната како црвената, учената и дебелата. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи како и различните видови салами, тортелини и вина. Историскиот […]
Веќе одамна размислував на една наша награда, наше признание кое никој дотогаш го немаше замислено. Идејата за едно многустрано и демократско жири кое ги подразбира сите наши пријатели ми делуваше навистина примамливо во секоја смисла; (…) ја потврдуваше новата придобивка на демократијата. Така Марија Белончи го раскажува зачетокот на идејата за раѓање на нова книжевна награда, која ќе ја потхрани културната преродба во Италија по Втората Светска војна. Стрега не […]
Уписи: 20.01.2014- 05.02.2014 Центарот за италијански јазик при Институтот Данте Алигиери од Скопје, во своето седиште на Плоштад Македонија (Ристиќева палата, 3 кат), во соработка со Италијанската амбасада во Скопје, организира семестрални курсеви по италијански јазик кои почнуваат од месец февруари 2014 година Курсевите се организирани според Европската референтна рамка за јазици (А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2), содржат вкупно 70 часа (по 45 мин.) и се изведуваат од висококвалификувани […]
Новиот Центар за италијански јазик, сместен на Плоштад Македонија во Ристиќева палата 3 кат, од 15 ноември 2013 започна со своите наставни активности во новото специјализирано седиште. Курсевите, организирани според Европската референтна рамка за јазици, се изведени од висококвалификувани професори професионално обучени за работа со различни возрасти и степени. Центарот нуди различни курсеви за возрасни, деца и млади. Центарот изведува курсеви по италијански јазик и надвор од своето седиште, како […]