Институт Данте Алигиери, Скопје

13-1Проф. Борис Петковски се родил на 19.11.1931 г.во Бајмок, Србија. Дипломирал во 1956 г. на Филозофскиот факултет, на Одделот за историја на уметноста при Универ­зитетот во Скопје. Докторатот го одбранил во 1975 г. на Филозофскиот факултет во Белград, на Катедрата за историја на уметноста.

• Од 1964 до 1976 бил основач и прв директор на Музејот на современа уметност во Скопје. Под негово раководство, Музејот на современа уметност се здоби со богата колекција експонати од огромна важност, беше изградена новата музејска зграда, а реализирани беа и над 250 изложби.

• Од 1976 до 1996 Петковски се посветил на кариерата како универзитетски профе­сор, а продолжил да се занимава со академски активности и по пензионирањето во 1996 година. Често гостувал како визитинг-професор на бројни европски уни­верзитети.

Бил член на следниве редакции и списанија:

• Разгледи, Македонија, Ликовна уметност, Ѓурѓа, Arte in (Италија)

Членство во комисии:

• Генерална Комисија на македонското движење за Европа;

• Европско здружение за култура (Венеција);

Претседател во разни институции и асоцијации:

• Комисија за културни врски со странство на Република Македонија;

• Федерален југословенски фонд за фигуративна уметност Моша Пијаде;

• Комитет за културно богатство на југословенската комисија при УНЕСКО;

• Меѓународна асоцијација на критичари на уметноста (AICA), југословенски и ма­кедонски оддел;

• Македонска асоцијација на историчари на уметноста;

• Центар за современа уметност – Прилеп;

• Италијански културен центар во Република Македонија;

• Центар за културно богатство и македонска уметност;

• Македонска асоцијација на критичари на уметноста (почесно).

Награди и признанија:

• Награда 13ти Ноември од Општина Скопје (1977); награда 11ти Октомври (1983); медал за работни заслуги со златна круна од СФРЈ (1989); медал од Министерот за култура на Р.Франција (1984); златна плакета од Филозофскиот факултет во Скопје (1996);

Книги, монографии и други значајни изданија:

• Откритија, 1977; Делата на Нико Тоци, 1977; Современо македонско сликарство, 1984; Никола Мартиноски, 1982; Македонски цртеж, 1984/1985; За македонската уметност, 1989; Монографија на академик Димче Кочо, 1995; Монографија на Ва­силие Поповиќ – Цицо, 1996; Музеј на современа уметност – Скопје, 1964 – 1976, 2001; Есеи за современата македонска уметност, 2001.