На 14 март како дел од проектот БИМ „Италијанска дигитална библиотека во Македонија“, во НУБ „Св. Климетн Охридски“ во Скопје успешно беше реализирана првата работилница наменета за учениците од средното училиште НОВА од Скопје.
Учениците имаа прилика да се запознаат со работењето на универзитетската библиотека. Потоа беа воведени во процесот на конзервација, реставрација на книжниот материјал и неговата дигитализација и презентација. По теоретскиот дел учениците имаа можност практично да работат.
Проектот БИМ „Италијанска библиотека во Македонија“ е проект на Институтот Данте Алигиери од Скопје, НУБ „СВ. Климет Охридски“ од Скопје. Овој проект е поддржан од Централата на Данте Алигиери во Рим, Централната национална библиотека во Рим, Италијанската амбасада во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во рамките на овој проект се планирани повеќе активности, за кои ќе ве информираме во наредниот период.
Следете нѐ…