Институт Данте Алигиери, Скопје

КРАТКО СЛОВО ЗА БОРИСА

Борис Петковски беше истакната разнострана и полифонична личност на нашата национална култура.

Од првиот момент на своите разнострани ан­гажмани во афирмацијата на македонската ликов­на и уметничка култура тој настапуваше силовито, динамично, како неуморен толкувач на нашите творечки вредности и аниматор на нашиот култу­рен уметнички амбиент. Од тој богат разностран животен и уметнички ангажман јас во оваа при­лика ќе изделам три својства на неговата личност.

10-1

Најнапред, тоа е неговата рана определеност за новите, современите и модерните струења во умет­носта која кај него беше една длабока внатрешна ориентација од која тој не скршна до крајот на својот предвреме завршен живот. Тој беше широ­ко и сестрано ориентирана личност во тековите на

модерната ликовна уметност кај нас и во светот и посакуваше со ретка упорност и доследност таква­та ориентација да ја застапува и во вреднувањето на нашето ликовно творештво, кое во неговата личност го имаше својот ангажиран и компетентен арбитар. Како таков, тој не можеше да не се судира со се она што во неговата т.е.нашата средина беше конзервативно, анахроидно, она што го запираше и кочеше нашиот развиток кон модерното естетичко мислење. Во таквите чести пресметки тој изречува­ше оценки и застапуваше ставови кои во најголем дел се покажаа како оправдани и неоспорни.

Второ негово својство што беше длабоко обележје на неговата личност и кое го прави еден од ретките подвижници на нашиот културен живот е неговата неуморна комуникативност со личности и институции од разни средини, пред се од бивши­от југо-простор, Европа, но и од целиот свет. Тој има незаобиколни заслуги за изградбата и создавањето на неколку наши национални институции од об­ласта на ликовната уметност, мегу кои Музејот на современата уметност на Кале е круна на овој дел од неговата неуморна аниматорска дејност.

На крајот ќе ја истакнам нашата заедничка пове­кегодишна соработка во осмислувањето на макро­проектот сврзан со компаративното проучување на македонската литература и уметност. Тој беше исклучително совесен и верен соработник и еден од клучните креатори на овој сложен проект, кој за прв пат и врз такви теоретско-методолошки принципи се остваруваше во нашата земја. Седум години траеше нашата заедничка работа и борба за негова реализација, а како резултат дојде и нашата заедничка книга “СИНТЕТИЧКА СТУДИЈА”, објавена на француски јазик, која наиде на мошне позити­вен прием во светот. За овој макропроект Борис напиша уште неколку нови студии од неговата об­ласт. Кога еден ден резултатите на нашите сложени истражувања ќе бидат целосно публикувани, а се надевам дека тој ден не е далеку, ке се види колку беше несебична, самопорегорна и творечки насо­чена кон иднината и новите хоризонти големата работа на Борис Петковски…