Промоцијата на преводот на италијански јазик на на збирката раскази (Mentre Dante dorme), “Додека Данте спие” ќе се одржи на 13 ноември во 19 часот во Јавна Соба во Скопје.
Книгата напишана на македонски од Силвија Митевска, за издавачот “Или Или“, на италијански е преведена од проф. Лучана Гуидо Шремпф и е објавена во Италија од издавачката куќа Беса Саленто Букс.
Италијанското издание е поддржано од Министерство за култура на Република Македонија.
За книгата ќе зборуваат преведувачката и проф.Анастасија Ѓурчинова.