Институт Данте Алигиери, Скопје

Новости


ПЛИДА – Институтот „Данте Алигиери“ – Скопје го нуди меѓународно признаениот сертификат за познавање на италијанскиот јазик PLIDA (Progetto Lingua Italiana Dante Alighieri) Испитот за сертификатот PLIDA ќе се изведе на – 09 aприл 2014 ( Б2, Ц1) – 21 мај 2014 (А1, А2, Б1, Ц2) Пријавување: од 17.03 до 28.03 (Б2, Ц1) од 28.04 до 09. 05 (А1, А2, Б1, Ц2) Информации: – во седиштето на Институтот, Италијанско-македонски мултимедијален […]

Во организација на Директоратот Дипломатска академија, на 5 февруари, во просториите на Министерството за надворешни работи, амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белили на слушателите на наставата по италијански јазик им ги врачи сертификатите за положениот испит и учебниците за курсот, што се донација на Амбасадата на Италија во Република Македонија. Министерот Попоски претходно оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Ернесто Масимино Белили, при што изрази задоволство […]

Уписи: 20.01.2014- 05.02.2014 Центарот за италијански јазик при Институтот Данте Алигиери од Скопје, во своето седиште на Плоштад Македонија (Ристиќева палата, 3 кат), во соработка со Италијанската амбасада во Скопје, организира семестрални курсеви по италијански јазик кои почнуваат од месец февруари 2014 година Курсевите се организирани според Европската референтна рамка за јазици (А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2), содржат вкупно 70 часа (по 45 мин.) и се изведуваат од висококвалификувани […]

Новиот Центар за италијански јазик, сместен на Плоштад Македонија во Ристиќева палата 3 кат, од 15 ноември 2013 започна со своите наставни активности во новото специјализирано седиште. Курсевите, организирани според Европската референтна рамка за јазици, се изведени од висококвалификувани професори професионално обучени за работа со различни возрасти и степени. Центарот нуди различни курсеви за возрасни, деца и млади. Центарот изведува курсеви по италијански јазик и надвор од своето седиште, како […]

Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, едно од седиштата на Друштвото „Данте Алигиери“ од Рим, во соработка со Италијанската амбасада во Скопје нуди: – промотивен почетен курс по италијански јазик за возрасни во периодот од 01.12.2013-31.01.2014 (30 часа) – наставата ќе се одвива двапати неделно во седиштето на јазичниот центар Данте Алигиери, Ристиќева палата, 3 кат, Плоштад Македонија – Скопје. – курсевите се одвиваат по промотивна цена од 1 500 ден.месечно […]

PLIDA Сертификат за познавање на италијанскиот јазик ПЛИДА, признаен од Советот на Европа Институтот “Данте Алигиери” од Скопје овозможува полагање испит за сертификатот ПЛИДА, потребен за студирање и работа во Италија Испитот е поделен на шест основни нивоа (А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2), според Европската референцијална рамка за јазици. Покрај овие шест нивоа постои и можност за полагање на Деловен ПЛИДА и ПЛИДА Јуниор. Сертификатот од овој испит е […]

Од понеделник 14-ти до петок 18-ти октомври ќе се одржи тринаесеттото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, меѓународниот културен настан, чија цел е да го промовира италијанскиот јазик во неговите разновидни аспекти. Оваа година нашиот Комитет ќе учествува со два настани во генералната програма која оваа година е насловена Истражување, откритие, иновација: Италија на знаењата и е организирана од Италијанската амбасада во Скопје и од Министерството за надворешни […]

Институтот Данте Алигиери од Скопје веќе три години со голем ентузијазам и труд  пристапува кон реализирањето на својата зададена мисија: да организира натпревар по италијански јазик на ниво на ученици од средните училишта во Република Македонија.           Според организациските правила утврдени за организацијата на претходните натпревари, Комисијата при Институтот уште еднаш ги потврди условите за учество: – натпревар наменет за двајца ученици-претставници од едно училиште, чиишто познавања на италијанскиот јазик одговараат […]

Институтот Данте Алигиери од Скопје во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија и Лабораторијата ITALS при Универзитетот Ka’ Фоскари од Венеција на 25 и 26 јуни во италијанско-македонскиот Мултимедијален центар при Филолошкиот Факултет Блаже Консеки во Скопје, го организира завршниот семинар за обука на наставници по италијански јазик. Предавач на обуката е проф. д-р Матео Сантиполо, доцент по дидактика на модерни јазици.

Пролетната сесија на испитот ПЛИДА се спроведе на 27 април за нивоата Б2 и Ц1 и на 27 мај за нивото  Б1. Во пролетната сесија се јавија вкупно 4 кандидати