Институт Данте Алигиери, Скопје

Профил


Институтот Данте Алигиери во Скопје, еден од комитетите на Друштвото Данте Алигиери во Рим, е формиран на 24 март 1999 година од група основачи, со цел да се промовира италијанскиот јазик и култура во Македонија. Актуелен претседател на Институтот е проф. д-р Ладислав Цветковски од Факултет за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј’ во Скопје. Заменик претседател е проф.д-р Руска Ивановска Наскова од Филолошкиот факултет Блаже Конески а Генерален секретар е проф. Анета Симовска. Членови на Комитетот Скопје се проф. Анастасија Ѓурчинова и проф. Лучана Гуидо.

Членовите на Институтот се, пред сè, студенти по италијански јазик, наставници, преведувачи, универзитетски професори и вљубеници во италијанскиот јазик и култура. Од летото 2011 година седиштето на Институтот се наоѓа во Македонско-италијанскиот мултимедијален центар при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Институтот располага со библиотека од 2500 италијански книги, како и со речници, енциклопедии и различни дидактички материјали.