По осум години пауза, Società Dante Alighieri di Skopje заедно со Шума, ја обновиви прекрасната традиција на CINEFORUM. И колку посебно беше тоа враќање да се случи токму во Шума.
Данте го започнува своето патување низ „Божествената комедија“ во „selva oscura“ — темна, мистериозна шума. Нашата Шума синоќа беше затемнета за проекцијата, но светеше од енергијата на сите што се собраа во неа.
Италијанисти, вљубеници во италијанскиот јазик и кинематографија, познати и нови лица — заедно создадовме вечер во која приказната продолжи и по последниот кадар. Низ прашања, размислувања и разговори за слободата, храброста и желбата да создадеме еден наш свет.
Ви благодариме на сите што бевте дел од ова враќање. Со вашето присуство и учество во дискусијата ѝ дадовте на Шума уште една димензија, а на една драга традиција — нов живот.
Il CINEFORUM повторно има свое место меѓу нас.
Grazie di cuore. До следната проекција!

