Институт Данте Алигиери, Скопје

Бевме во контакт сe до претпоследниот ден: ,во Палатата Фиренца на седиштето “Данте Алигиери“ во Рим, организиравме поетска манифестација во чест на 50 годишнината од Струшките вечери на поезијата, со омаж на Матеја Матевски, добитник на Златниот Венец 2011; испратив официјален предлог за кој ми го потврди одобрувањето од Министерството за култура. Го запознав Борис во јули 1996; на вториот ден од мојот престој во Скопје, тој се појави во мојата канцеларија, прашувајќи зошто не сум бил присутен на средбата организирана од амбасадорот Трони (“спомен во чест на Цицерон“, со покана напишана на латински јазик) и сакаше да ме запознае: следниот ден ми подари дваесетина книги за македонската култура.  Пријателството, почитта, братската поврзаност, која веднаш се роди меѓу нас, а која постоеше и ќе постои меѓу мене и Борис, може да се објасни со следниве моменти, забележани од времето: се најдовме веднаш воспоставувајќи длабока ментална поврзаност која ја чувствувавме сe до последниот момент, обидувајќи се и понатаму да ја негуваме културата и поезијата, како релевантни средства со кои би се поттикнале младите, со смиреност и посветеност, со разум и внимание, кон духовен раст.

10-1

Тој, православен христијанин, јас католик, заедно запознавме бројни претставници од исламската култура со кои можевме да размениме мислења а кои добро нe прифатија. Тој живееше во духот на својата религија слушајќи и зборувајќи со сите претставници на религиозни заедници, дури и со оние поразлични и подалечни од нас.

Борис ја живееше културната ситуација првин во Југославија а потоа во Македонија, со голем емотивен набој – независноста и внатрешниот културен судир беа проследени со извесни општествено-културолошки потези кои тој ги сметаше за доста театрални – на еден смирен начин иако разочаран и натажен, но никогаш со цел остро да реагира или критикува, без да учествува во расправии, секогаш одмерен и детален во изразувањето и чувствата кои постојано го следеа беа оние на човек од македонската култура, од севременската Македонија, од онаа Македонија со богата историја.  Со својата културна интелигенција, Борис веруваше во човекот и остануваше цврст во таа верба, наспроти однесувањата, често егзибиционистички и од јавен карактер но без дух на некои, понекогаш и долгогодишни пријатели, кои така се однесуваа едноставно од егоизам и поради интерес но не за културата и напредокот: никогаш не робуваше на конвенции и правила, секогаш се разликуваше поради неговата способност да посредува со длабока проникливост, која сите ја ценеа поради нејзината либералност или би можело да се нарече културна еманципација.  Постојано живееше и делуваше, со задоволство и посве-теност, убеден, покрај тоа што беше способен, да го даде својот позитивен придонес во реалната и природна состојба на човековото постоење, преку културата, несовладливиот столб на општетството.

И во нашиот, италијанско-македонски однос беше важна алка (се изборив да му биде доделен првиот Орден од редот „комендатор“ на Италијанската Република за заслуги во областа на културата),подготвен да го даде својот придонес, често суштински за секое дејствување: ние бевме бином кој успеваше да ги помири разликите кои одвреме навреме ќе се појавеја меѓу здруженијата или луѓето. Сите искрено го почитуваа овој човек со постојана добронамерна насмевка, кој знаеше да го изрази своето неодобрение за некој про-ект, едноставно со неколку гестови со главата-кои не велеа експлицитно “не!“- и со некои општи но усогласени движења со рацете, очите, телото, кои водеа кон здравица во стихови, потоа кон ревизија на тој несовршен план и кон нов достоинствен договор: тоа беше овој човек од културата Борис Вишински. Никогаш не го видов налутен, незадоволен и кога нешто не беше во ред, беше способен и убеден во надминувањето на сите аномалии, и со својот смирен, љубезен, срдечен, добронамерен став сe му одеше од рака, тој кој со романот и книжевноста живееше речиси секогаш во фантастична градина.

Не би сакал да го опишувам сето она што заедно сме го правеле: бројни манифестации, бројни иницијативи, бројни средби; ме посети и беше чест гостин во мојот дом во Фрозиноне, се сретнавме во Реканати, во Рим, во Червара и заедно посетивме голем дел од местата во Чочарија.  Никогаш немаше судир на нашите идеи и иницијативи: се надополнувавме еден со друг; од професионален аспект, знаевме без да си телефонираме и без да се вознемируваме која беше должноста на секој од нас. Уживавме во нашето меѓусебно пријателство, на најприроден и најнепосреден начин со спонтан а не принуден интензитет, од 1996 до денес.

Некој ми кажа дека сме биле речиси како браќа: ако да се има брат го подразбира сето ова. Тогаш можам да кажам дека изгубив брат.

Борис за мене беше секогаш истиот: истиот пат, истата определеност, истата храброст, истата способност за делување, истата сигурност и истата прецизност; никогаш не се сомневаше во податоците со кои располага; на истиот начин како што ги знаеше напамет сите телефонски броеви, така не можеше а да не ги запознава луѓето со културните односи меѓу Италија и Македонија, во минатото и она што би следело во иднина.

Јас, а сигурно и останатите функционери од италијанската амбасада во Скопје кои го знаеја уште од отворањето на дипломатското претставништво, му велам благодарам на Борис и ќе останам засекогаш натажен поради загубата на еден исклучителен пријател.

Силвано Галон

Превод од италијански: Драгана Казанџиовска