Во градинката 13 Ноември во Скопје успешно заврши почетниот курс по италијански јазик кој за првпат во нашата држава се организира за деца од предучилишна возраст, во рамките на проектот „Нови контексти за италијанскиот јазик во Р.С. Македонија“. Курсот се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери – Скопје, а проектот е поддржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим.
На децата, нашите идни првачиња кои го посетуваа курсот, им беа доделени сертификати и подароци, а установата оваа програмска година стекна многу придобивки, пред се’ меѓународна афирмација и тоа во пресрет на 30-годишнината на билатералната соработка помеѓу двете држави.
Благодарност до градоначалникот на Општината Центар г-дин Горан Герасимовски и тимот на градинката 13 Ноември раководен од директорката г-ѓа Ружица Биџовска за извонредната соработка при реализација на проектот. Соработката продолжува!