Институт Данте Алигиери, Скопје

Аташето за одбрана во Италијанската амбасада во Скопје, Полковник Стефано Анџони ги додели дипломите на групата вработени во Министерството за одбрана на Р.С.М Бојан Савески, Мартин Трајановски, Никола Софтовски, Александар Николоски, коишто од 22 март до 31 мај 2022 следеа курс по италијански јазик, целосно финансиран од Италијанското министерство за одбрана. Со овој курс продолжува успешната соработка со Италијанската амбасада и Министерството за одбрана на Р.Северна Македонија.