По покана од Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 23 април, проф. Ладислав Цветковски претседателот на Институтот Данте Алигиери од Скопје пред 80 присутни студенти го претстави проектот и одржа предавање на тема „Плакат, медиум за лично изразување“.
Настанот се одржа во рамките на конкурсот за изработка на постер со ликот на Данте (по повод 700-годишнината од неговата смрт) во организација на Италијанската Амбасада во Скопје и Институтот Данте Алигиери во Скопје.
Благодарност до Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за прифатената покана за учество на конкурсот и на проф. Наташа Милованчев за организирањето на онлајн настанот на 23 април.