Институт Данте Алигиери, Скопје


Церeмонијата на инаугурацијата на платформата Dante.global што се одржа на 14 април со почеток од 11ч. во седиштето во Палацо Фиренце во Рим и беше следена во живо на www.dante.global., во присуство на Претседателот на Италија, Серџо Матарела и Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо, кои беа пречекани од Претседателот на Институтите Данте Алигиери, Андреа Рикарди.
„Има потреба од хуманизам – вели претседателот Рикарди – во свет кој сè побрзо се менува, каде што социјалните врски се обновуваат и се редефинираат. Потребни ни се нови културни координати, за да не ја изгубиме можноста да се ориентираме кон ново сценарио каде најголемата вредност ја претставуваат социјалните мрежи и односите меѓу луѓето. Според сценариото за меѓусебно поврзано општество, Данте започнува нов геокултурен и јазичен проект – продолжува тој – што е наш споменик за Поетот на седумстогодишнината од неговата смрт. Нашата земја има потреба од голем проект за повторно започнување и веруваме дека треба да се заснова на јазикот и културата, за поддршка на економијата и туризмот и на книгата, културата и големата италијанска издавачка индустрија, како средиште на стратегиите на Данте “.
Друштвото „Данте Алигиери“, со 132 години историја, се соочува со овој дигитален и глобален предизвик, со новата платформа „dante.global“, која гледа кон повторното раѓање на Италија и размислува за иднината, фокусирајќи се на дијалогот и вредноста на емоциите и убавината.

 

 

 

 

Нашиот јазик, иако не е водечки, продолжува да се изучува и да се бара во светот. Така, за да ја задоволи широко распространетата побарувачка за што повеќе Италија, Данте се фокусира на хуманизмот и стилот, кои раскажуваат за традицијата, каде дури и високо-технолошките производи и технологии со себе носат трага од генијот на Леонардо и Микеланџело.
Новата платформа ќе има три дела, за јазик, култура и обука, со активности преку Интернет и лице в лице, и технолошки напредни алатки што ќе им се допаднат и на професионалците и на деловните субјекти. Платформата е создадена со поддршка на Министерството за надворешни работи на Италија и неколку партнери кои ја поддржаа иницијативата. Наскоро ќе започне првата меѓународна работилница за пишување на dante.global, коja ќе го користи уметничкиот и содржинскиот потенцијал на Друштвото Данте Алигиери. Институтот Данте Алигиери од Скопје беше избран и нашиот претседател проф.Ладислав Цветковски беше поканет како официјален гостин.