Одликување за заслуги на Н.Е. Карло Ромео, амбасадор на Италија во Северна Македонија
25.09.2020, Амбасада на Италија, Скопје
Претседателот на Институтот Данте Алигиери, Скопје, проф. Ладислав Цветковски, во името на Асоцијацијата Данте Алигиери од Рим, му ја додели Дипломата за заслуги на Н.Е. Карло Ромео, амбасадор на Италија во Северна Македонија.
Дипломата за заслуги ја доделува Претседателот на Асоцијацијата Данте Алигиери, проф. Андреа Рикарди, на предлог на Комитет од мрежата Данте Алигиери, на оние кои се докажале и учествувале посветено во ширењето на италијанскиот јазик и култура и значително придонеле за мисијата на Асоцијацијата Данте Алигиери дефиниран во член 1 од Статутот на Асоцијацијата од 16 декември 1960 година.
„Асоцијацијата Данте Алигиери, субјект од третиот ешалон, основан во 1889 година, […] е непрофитно здружение за општествена корисност […] кое ја извршува својата дејност преку промоција на културата и уметноста, за заштитата и ширењето на италијанскиот јазик и култура во светот, оживување на врските на сонародниците во странство со татковината и негување на љубовта кон културата, цивилизацијата и италијанскиот јазик кај странците “ – цитираше проф. Цветковски.
На 7 мај 2020 година, скопскиот комитет на Институтот Данте Алигиери го достави предлогот до Главното седиште за да му се даде заслуга на италијанскиот амбасадор во Скопје, Н.Е. Карло Ромео. Ви пренесуваме дел од причините:
„Би сакале да ја искажеме нашата голема почит кон амбасадорот Карло Ромео. Од наша гледна точка, амбасадорот Ромео ја претставуваше Италија во нашата земја на достоинствен начин и со голема посветеност и одговорност. Една од неговите најважни заслуги е секако, официјалното воведување на италијанскиот јазик во наставните планови и програми на македонските јавни училишта. Ратификацијата на македонската влада дојде по години и години работа од страна на италијанската амбасада, нашиот комитет и Катедрата за италијански јазик на скопскиот универзитет, благодарение на посветеноста на амбасадорот Ромео. Што се однесува до соработката со Комитетот, можеме да кажеме дека веднаш воспоставивме одлични односи со амбасадорот, кој со огромно убедување ги поддржа сите наши иницијативи за време на неговиот мандат.
Доделувањето на дипломата е признание и благодарност од Институтот Данте Алигиери за неговите заслуги поврзани со реализацијата на нашата мисија – подвлече претседателот Цветковски.
Особено сме среќни што Седиштето на Асоцијацијата Данте Алигиери на 3 јули 2020 година го одобри нашиот предлог и што денес му доделуваме на Н.Е Карло Ромео диплома за заслуги со потпис на претседателот Андреа Рикарди и статуетката на Данте – додаде проф. Цветковски
Исто така, би сакал да ви ги пренесам поздравите и благодарноста на генералниот секретар Алесандро Мази, кој секогаш со голем интерес ги следел активностите и предлозите на нашиот Комитет. Почитуван амбасадоре, ми претставуваше задоволство и чест да соработувам со вас. Искрено се надеваме дека нашите лични и професионални патишта повторно ќе се вкрстат во иднина – заклучи претседателот на Институтот Данте Алигиери, Скопје, проф. Ладислав Цветковски.