Институт Данте Алигиери, Скопје

Нови идеи за на училиште: визири наместо маски и плексиглас помеѓу клупите

Валентина Сантарпија

 

Визири наместо маски со цел да се задржат социјалните контакти и да се заштитат учениците со посебни потреби, но и паравани од плексилас за да се одржи растојанието помеѓу клупите. Ова се размислувањата кои министерката за образование Лучија Аѕолина ги изнесе на состанокот со премиерот Конте и синдикатите: состанок на кој носителката на челната позиција во Министерството за образование објасни дека „целта е сите да се вратат на училиште: ова важи особено за најмалите коишто најмногу претрпеа во овој период“. Се размислува да се „барикадираат“ клупите, „по примерот на другите европски земји, со паравани од плексиглас за да ја загарантираме безбедноста којашто толку ни значи“.