Половина од Еразмус студентите одлучија да останат во странство и покрај вирусот
Антонела де Грегорио
На почетокот на март 13 илјади италијански студенти и 165 илјади студенти од другите европски земји, беа беа дел од програмата за мобилност Еразмус. Иако беа дојдени да студираат на друг европски универзитет, нивните планови ги поремети кризата со Ковид-19. Најпрво во Италија, каде секоја година пристигнуваат 27 илјади млади; а потоа и во Шпанија, Франција, Германија, земјите кои примаат најмногу кандидати. Факултетите престанаа со работа, а предавањата и испитите продолжија онлајн. На студентите и вработените им беше овозможено да се вратат дома, повикувајќи се на клаузулата „виша сила“ па оние кои избраа да се откажат од оваа искуство или да го одложат, сепак продолжија да добиваат надомест од Европската Унија. Педесет проценти од италијанските студенти (според “Индире“, национална агенција којашто управува со влезната и излезната мобилност) и 40% од европските студенти (извор Европска Комисија) останале во Земјата домаќин за да ги следат предавањата и да ги соберат предвидените ЕКТС кредити. Но не и искуствата, средбите, моментите на среќа кои се паметат цел живот. Оние кои решија да се вратат дома, на почетокот се пожалија на отсуство на координација и неорганизираност.