Институт Данте Алигиери, Скопје

Во крајно комплицираниот период на пандемијата Ковид 19, книгите на 12-те финалисти на наградата Стрега беа одлично друштво. Групата читатели, (Анастасија Ѓурчинова, Руска Ивановска Наскова, Љиљана Узуновиќ, Алесио Ликуори, Марко Пешетели, Ана Стефановска, Владимир Андоновски, Анета Симовска, Катарина Величковска, Елена Величковска Николовска, Андријана Треневска, Јована Караникиќ, Андријана Русеска, Драгана Казанџиовска, Кристијан Трендафиловски) координирана од професорката Анастасија Ѓурчинова, покажа голема страст и компетентност во презентацијата на книгите, посебно за време на дебатите кои беа организирани преку платформата Zoom. На крајот гласаа 11 читатели, изразувајќи ги своите преференци. Проф. Ладислав Цветковски, претседател на Институтот Данте Алигиери од Скопје го следеше проектот со голема внимателност а од Италијанската амбасада во Скопје Н.Е Карло Ромео покажа посебен интерес и учествуваше на една од онлајн средбите, ентузијастички поздравувајќи ги читателите и охрабрувајќи ги да ја изберат најдобрата книга.

https://ladante.it/comunicati-stampa/3089-la-dante-al-premio-strega.html