КОНЦЕНТРАТ НА ЗНАЕЊЕ И ИДЕНТИТЕТ
АВТОРСКИ ЛЕКЦИИ ЗА ЈАВНОСТ
Здруженито Данте Алигиери, во рамките на новата културна програма и обновувањето на издавачките планови, започна со нова видео продукција наменета за студентите и научниците од целиот свет.
Продукцијата “Апчињата на Данте“, отворени за слободна консултација на веб страната www.ladante.it, има намера да го следи растечкото барање за знаење кое стигнува од нашите странски седишта. Се работи за серијал од кратки видео-лекции (6-10 минути), реализирани од режисерот Ламберто Ламбертини, со заслужни професори и научници кои обработуваат различни теми како историја, литература, историја на уметноста, музика и многу други дисциплини. Учесниците, италијански интелектуалци во прво лице упатуваат покана за учење, предупредување за негување на знаењето како цивилизациски акт. Хранењето на културата е еднакво на градење на цврсто наследство на едно развиено општество, кое во тоа препознава неопходен инструмент за секаков понатамошен напредок (економски, социјален, научен).
Структура и содржина на „апчињата“
1. Вовед
2. Периодизација
3. Стилска анализа
4. Раскажување по слики
5. Продлабочување за периодот или авторот
6. Анализа на текстови
7. Библиографија
Културолошка, национална и интернационална промоција
Користење на популарен јазик, не специјалистички, поврзан со научно истражување на евоцирачки слики, го прават проектот приемчив кај широката јавност, вклучувајќи ги и странците.
Апчињата можат да бидат користени во контекст на културни промоции како конференции, конгреси, литературни средби, тркалезни маси, како во Италија така во странство.
Објавување на прослави и годишнини
Поддршка во објавувањето на церемонии за прослави и годишнини.
Значајна дидактичка содржина за семинари и проекции во институциите, училиштата, библиотеките.
ElencoPillole
le-pillole-della-dante