Претседателот на Институтот Данте Алигиери, проф. Ладислав Цветковски оствари средба со директорите на основните училишта во општина Центар и општина Карпош каде веќе две години успешно се одвива наставата по италијански јазик за учениците од петто одделение. На средбата беше изразено задоволство од реализирањето на Проектот кој е поддржан од Италијанската амбасада. Претседателот Цветковски им додели благодарници на директорите Мирјана Велкоска, Лида Стојановска, Лидија Водјаник и Јовица Остојиќ и на училиштата Ј.Х.Песталоци, Х.Т.Карпош, Д.Х.Димов и Кочо Рацин. Во оваа прилика беше потврдена желбата за понатамошна соработка во новата учебна година.