Институт Данте Алигиери, Скопје

Прекрасна церемонија за крајот на курсевите по италијански во интернационалното училиште НОВА во Скопје. Групата деца кои ги следеа часовите по италијански јазик ги прими дипломите доделени од страна на Н.Е. италијанскиот амбасадор Карло Ромео. Курсот беше реализиран од институтот Данте Алигиери и училиштето НОВА со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје и Министерството за надворешни работи на Италија. На церемонијата присуствуваа претседателот на Институтот Данте Алигиери, проф. Ладислав Цветковски, потпретседателката проф. Руска Ивановска – Наскова, директорот на НОВА, г-нот Виктор Новаковски и професорката во НОВА, Маја Грнчароска. Честитки на нашите симпатични ученици со надеж да ги видиме во поголем број во новата учебна година!
DSC_0091DSC_0115DSC_0094DSC_0077

DSC_0070