Фабио БАРБАГАЛО
Завршува студии по гитара при средното музичко училиште „В. Белини“ во Калтанисета. Потоа продулжува да учи музичко компонирање при средното музичко училиште во Палермо и ги завршува студиите по Електронска Музика и специјализација по „Музички Дисциплини и Нови Технологии“ со највисока оцена при Музичкиот Институт „В. Белини“ во Катанија. Тој е еден од најактивните италијанските гитаристи од неговата генерација на меѓународно ниво, бил член на многу жириа во многу Меѓународни Натпревари и одржал концерти, семинари и специјализирани часови masterclasses во дури 24 држави низ светот: Италија, Русија, Украина, Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, Кипар, Англија, Чешка Република, Португалија, Германија, Данска, Шведска, Унгарија, Грција, Белгија, Австрија, Босна и Херцеговина, Соединетите Американски Држави, Венецуела, Тајланд, Мадагаскар, Јапонија. Помеѓу најпознатите: International Classical Guitar Festival – Воронеж (Русија), Foundation for the Advancement of Music Culture “BELCANTO” – Москва (Русија), International Classical Music Festival of Врњци (Србија), International Guitar Festival – Ќустендил (Бугарија), UPBEAT Summer School – Милна (Хрватска), “Il Suono dei Musei” Умбрија (Италија),“Settimane Musicali in Val Calepio” – Бергамо (Италија), “CLAXICA” International Guitar Festival – Болоња и Модена (Италија), концертите на “S. Passera” – Рим (Италија), International Guitar Festival EGTA –Лимасол и Никозија (Кипар), Festival of Classical Music – Municipal Theater – Ларнака (Кипар), New Town Hall – Брно (Чешка Република Ceca), Fitzwilliam Museum Cambridge University (Англија), Opera House Theatre – Одеса (Украина), “Arba Sicula” Association – Saint John’s University – Њујорк (САД), Società “Dante Alighieri” – Бостон (САД), Associazione Regionale Siciliana – Филаделфија (САД.), EPCI (Ente Promozione Cultura Italiana) – Хартфорд, Ветерсфилд, Рок Хил (САД.), Associazione Regionale Siciliana di Carabobo – Валенција (Венецуела), Centro Italiano/Venezolano – Каракас (Венецуела), Società “Dante Alighieri” – Банкок (Тајланд), Facoltà delle Arti – Кос. Митровица (Косово), “Naissus International Guitar Fest” – Ниш (Србија), Società “Dante Alighieri” Порто (Португалија), International Guitar Forum – Борас (Шведска), Istituto Italiano di Cultura – Копенхаген (Данска), Società “Dante Alighieri” – Лубек (Германија), Tavaszi Fesztival – Ѓер (Унгарија), 24° Hermoupolis Guitar Festival Сирос (Грција), Società “Dante Alighieri” – Антверпен (Белгија), Pfarre Cansius Church di Виена (Австрија), Sala Concerti Ministero della Difesa – Сараево (Босна и Херцеговина), Festival de Guitare International de Madagascar Мадагаскар (Африка), Centro Italiano di Fukuoka Фукуока (Јапонија), Istituto Italiano di Cultura di Osaka Осака (Јапонија). Неговите композиции се издадени за Музичките Изданија на „СИНФОНИКА“ во Милано. Основач и уметнички директор на „Соларино Меѓународен Фестивал за Гитара“.