Институт Данте Алигиери, Скопје

На драгиот пријател Борис Петковски,

По последниот телефонски разговор кога на­шите гласови се споија преку техничката креативност, сега ти го пишувам ова писмо, мојата мисла преку патот на спомените ќе те пре­несе во не – димензиите, каде љубовта ја содржи во себе вечноста.

5-1

Сонот што го следеше целиот твој живот, да го најдеш изворот на уметноста, се оствари. Сега си онаму каде што се со тебе големите учители на сите времиња, од сите земски места, кои ти ги сакаше, за да те водат низ портата на вечноста во светли­ната. На нишката на спомените закачив неколку листови хартија, како да треба да ги сушам, на нив ја напишав нашата прва средба која се случи на уметничката колонија во Херцеговина, во Почитељ, и уште многу други средби, последната во август 2004 кога, соединувајќи ја мојата желба и твојата, го поставивме пред Музејот на современа умет­ност скулпторското дело “Душата на поетот “, кое ти со многу жртвување успеа да го реализираш. Нема да се противиш ако со ова мое писмо ја искористам приликата да му се обратам на нашиот пријател, градоначалникот на Скопје, и на целокупната ма­кедонска култура да и упатам повик Музејот да се именува по твоето име и на тој начин кога во Скопје ќе се погледне нагоре, во длабочината на небото, нема да се види една тврдина за одбрана или за напад на ближниот, туку храм на Уметноста конструиран како заеднички дом за народите каде што креативната хармонија е клучот со кој се отво­ра вратата…

….Драг Борис…

….се сеќавам на онаа вечер во Струга…

….кога сите поети…

….си ги шепотеа своите мисли…

….на ноќната тишина…

…ние седнати на масата од барот…

…на езерскиот брег….

…разговаравме…

….за бои без contrai

…за изданија laetri formae….

…променливата креативност на човекот…

…нашите гласови…

…одвлечени од темните води…

…на реката Дрим…

…онаа вечер без месечина…

…се претворија во безгласен хор…

…пеејќи тажачки…

…за да ги заспијат ѕвездите…

…со невидлива нишка…

…ги спојувавме…

Превод од италијански: Билјана Бојчева