Генералниот секретар на Здружението Данте Алигиери, Алесандро Мази, учествуваше во емисијата “Уно матина“ во која зборуваше за 17-то издание Неделата на италијанскиот на италијанскиот јазик, кое ќе се одржи од 16 до 22 октомври, посветена на темата: “Италијанскиот на кино, италијанскиот во киното“. Институтот Данте Алигиери, исто така го објави интернационалниот кинематографски конкурс “Како внатре во огледало. Италија видена надвор од Италија“, во соработка со Швајцарската конфедерација. Младите режисери (на возраст меѓу 16 и 26 години) се покануваат да учествуваат испраќајќи краткометражен филм за карактеристиките на Италија кои ја пренесуваат сликата и идејата за земјата во светот (уметност и мода, природата и кујната, јазикот и историјата) според визијата на “италсимпатија“. Рокот на конкурсот беше продолжен до 6 октомври.