Институтот Данте Алигиери од Скопје ја имаше единствената можност и оваа година да биде избран да учествува во проектот “La Dante al premio Strega” (Данте на наградата Стрега). Проектот предвидува гласовите во име на Асоцијацијата Данте Алигиери да бидат засновани на гласовите изнесени од горенавдените комитети. Според правилникот, секој од овие комитети треба да ги произнесе гласовите на комисија од десетина учесници. Институтот со огромно задоволоство и чест ја прифати оваа можност за чија цел формираше комисија од 10 учесници кои во краток период ги прочитаа 12-те романи номинирани за наградата Стрега. Впечатоците и оценките за романите учесниците ги разменија на Стрега средбата одржана на 26.05.2017. Секој член од комисијата до 3 јуни гласаше за 3 од 4 избрани романи, преку соодветна електронска процедура. Првото гласање за селекција на петмината финалисти ќе биде како и вообичаено во Каза Белончи, седиште на Фондацијата, во среда 14 јуни. Второто гласање и прогласувањето на победникот ќе бидат во четврток 6 јули во Храмот на Вилата Јулија во Рим. Инаку Наградата Стрега е основана во Рим во 1947 и оттогаш се доделува секоја година за прозни дела објавени во периодот меѓу 1 април претходната и 31 март тековната година.