Во четвртокот, на 27.04.2017 од 18 часот, Институтот Данте Алигиери Скопје го организираше третиот по ред Кино клуб со проекција на филмот Каос, на браќата Тавиани, прв дел базиран на новелата “Другиот син” од Луиџи Пирандело.
Воведен збор за филмот имаше проф. Рино Капуто, од Универзитетот Тор Вергата од Рим. Присутните ги поздрави новиот претседател на Институтот Данте Алигиери, проф. Ладислав Цветковски а професорот Капуто го претстави проф.Анастaсија Ѓурчинова.