Италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео заедно со директорката на Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, професорката Анастасија Ѓурчинова, ги посетија основните училишта, каде што благодарение на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, учениците од четврто и петто одделение го учат италијанскиот јазик. Во оваа прилика, со директорките на училиштата „Кочо Рацин“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Јохан Хајнрих Песталоци“ се потпиша Меморандум за соработка. Наредните денови ќе се посети и училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.