Првиот кино форум за оваа сезона помина одлично! Омаж на еден од најдобрите филмови на италијанската кинематографија” Nuovo Cinema Paradiso” на големиот режисер Џузепе Торнаторе. На дискусијата што следеше по филмот имавме можност да ги слушнеме ставовите и мислењата на дел од нашите курсисти, поранешни студенти од катедрата за италијански јазик, љубители на филмот и, на наше големо задоволство, за прв пат во нашиот институт го пречекавме првиот секретар Алесио Ликуори. Учесниците на овој кино форум успеаја да ја видат Италија и во друго светло, од друга перспектива која ги разби стереотипите за Италија и за италијанците и ги приближи поблиску до вистинската италијанска реалност. Филмот отвори многу теми а учесниците покажаа интерес и дадоа предлози за новите изданија на кино форумот.
Елена Величковска Николовска