Институт Данте Алигиери, Скопје

Данте од Скопје домаќин на Рафаела Ромањоло
најгласаната писателка од комитетите Данте за наградата Стрега 2016

10-17-strega-2016-invito-ital

Комитетот на Данте од Скопје, имаше чест по втор пат да биде избран како дел од комисијата во рамките на проектот “Данте за Наградата Стрега“. Со таа цел, ја искористи приликата да може да биде домаќин на писателката Рафаела Ромањоло – финалист на Наградата Стрега 2016. Писателката Ромањоло, меѓу 12-те финалисти на Наградата 2016, беше најгласана писателка од комитетите на Данте. Во согласност со Централното седиште на Институтот Данте Алигиери во Рим, комитетот во Скопје го организираше престојот на писателката во Скопје со програмски настани во нејзина чест.
Организацијата почна во просториите на Комитетот – курсистите што учат италијански како странски јазик од групата Б2 при Комитетот во Скопје, преведоа дел од романот финалист на писателката – Погрешнoто дете, којшто го објавија на веб страната http://ladante.mk/?p=2495&lang=it.
Презентацијата на преводот беше за време на неформалната средба на писателката со комисијата, курсистите и соработниците на Комитетот од Скопје. Неформалната средба се одржа во една кафе книжарница, во недела 16.10.2016 каде што писателката го претстави својот роман, разменувајќи ги литературните впечатоци со комисијата и другите присутни гости.

img_0167Наредниот ден пак, на 17.10.2016 писателката Ромањоло присуствуваше на два настана на официјалната инаугурација на 16-та Недела на италијанскиот јазик во светот, во Скопје во Седиштето на Делегацијата на ЕУ – ЕУ Инфо Центар.

Писателката Ромањоло учествуваше во инаугурацијата со свое излагање во рамките на литературната вечер во организација на нашиот Комитет и Италијанската амбасада во Скопје – Креативноста, зборови и јазици – Данте за Наградата Стрега 2016.

Освен презентацијата на својот роман, писателката учествуваше и во дебатата Улогата на литературните награди во кариерата на еден автор, дебатирајќи со македонските автори Владимир Јанковски и Петар Андоновски, наградени во 2016.
Во вторникот, на 18.10.2016, според програмата, писателката Ромањоло имаше средба со студентите од Катедрата за италијанистика на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ во Скопје. За време на своето излагање, претставувајќи го романот Погрешното дете, студентите ја искористија можноста да ѝ постават прашања на писателката околу насловот, за нараторот во книгата, главно сѐ за дејството во нејзиниот роман.

img_0121

Комитетот од Скопје е многу почестен и горд што беше домаќин на еден талентиран и сензибилен уметник како што е писателката Рафаела Ромањоло и во оваа прилика се заблагодарува на Централното седиште за оваа можност а на Рафаела Ромањоло за срдечноста, како и на сите свои членови и соработници за поддршката на ова единствено и незаборавно литературно искуство.

Драгана Казанџиовска