На 14 септември 2016, Институтот Данте Алигиери од Скопје имаше чест да организира посета на Неговата Екселенција, Амбасадорот на Италија во Македонија, г-нот Карло Ромео.
Посетата претставуваше формална средба со управувачкиот комитет на Институтот на чело со претседателот, г-ѓа Анастасија Ѓурчинова и другите членови.
Во текот на средбата беа претставени сите претходни и идни активности на Институтот и меѓу другото беше потврдена соработката и поддршката од страна на Амбасадата за сите активности предвидени од нашиот институт.